Top Sport

(Видео) Германија и Холандија се пласираа на СП, Хрватска во Подгорица од 2:0 до 2:3

Германија и Холандија се пласираа на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Европските великани славеа вечерва убедливи победи над Словачка, односно Литванија. Во најинтересниот натпревар и покрај тоа што не значеше ништо за конечниот пласман, Хрватска се врати по негативата од два гола и ја победи Црна Гора во Подгорица со 3:2.

Германците во првиот дел ја декласираа Словачка, на крајот славеа со 6:0 и го обезбедија првото место во А групата. Германците, во Лајпциг им се реваншираа на Словаците за поразот во првото коло од овие квалификации. Словачка ќе игра во плејофот за пласман на Мундијалот.

Група А

Германија – Словачка 6:0 (4:0)
/Волтемаде 18, Гнабри 29, Сане 36, 41, Баку 67, Удраого 79/

Северна Ирска – Луксембург 1:0 (1:0)
/Донли 44п/

Холандија ја освои Г групата, откако очекувано ја победи Литванија со 4:0. Во втроиот меч, Полска се мачеше на Малта, славеше 2:3 со голот на Зјелински во 85-та минута.

Група Г

Холандија – Литванија 4:0 (1:0)
/Рејндерс 16, Гакпо 58п, Симонс 60, Мален 62/

Малта – Полска 2:3 (1:1)
/Кардона 36, Теума 68п – Левандовски 32, Всолек 59, Зиелински 85/

Хрватските фудбалери ја победија Црна Гора во Подгорица (3:2), во последното коло од квалификациите за Групата Л за Светското првенство.

Натпреварот, подобро го отвори Црна Гора, водејќи со 2:0, но Хрватите успеаја да направат пресврт.

За домашната екипа, Осмајиќ постигнаа гол во третата, а Крстовиќ во 17-та минута. Хрватска пресвртот го направи со головите на Перишиќ од пенал во 37-та минута, Јакиќ во 72-та минута и Влашиќ во 87-та минута.

Хрватска ја завршува групата на првото место со 22 бода, додека Црна Гора е четврта со девет бода.

Во истиот период, Чешка го декласираше Гибралтар со 6:0 и ќе игра, како што беше познато, во плејофот за да оди во планетариумот.

Scroll to Top