Top Sport

(Видео) Германците рутински со Србија, Грција испушти 2:0 против Холандија

Јирген Клоп ја забележа првата победа како селектор на Германија. По ремиот во Холандија и поразот во Аугсбург од Грција, Германија ја победи најслабата селекција во оваа група, Србија со 2:0. Во вториот меч од оваа група, Грција и Холандија ремизираа во Солун 2:2.

Германија и со комбиниран тим лесни ја надигра Србија, која буквално статираше на теренот во Минхен. Односот на ударите кон голот 28:1 во корист на Германија, доволно говори за односот на силите на овој натпревар.

Голманот на Србија и Борнмут, Ѓорѓе Петровиќ со неголку брилијантни одбрани спречи катастрофа на својот тим. Дуелот во Минхен покажа дека Србија е далеку со квалитетот потребен за А дивизијата.

Головите за Германија ги постигнаа Бишоф во 39-та и Вирц во 61-та минута од натпреварот.

Грција, која по првите две кола имаше две победи, во Солун ја пречека Холандија. Имаа Грците 2:0 по првиот дел, на крајот Холанѓаните освоија бод со голот на Рејндерс во претпоследната минута.

Грците водеа со головите на Јоанидис во 23-та и Јоанидис во 45+2 минута. Пред голот на Рејндерс, стрелц за Холандија беше капитенот Ван Дајк во 59-та минута.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');