Top Sport

(Видео) Голчиште на Алварез – Атлетико со играч повеќе победи во Барселона

Фудбалерите на Атлетико Мадрид направија џиновски чекор кон полуфиналето во Лигата на шампионите. Четата на Диего Симеоне, вечерва во Барселона, го победи домаќинот со 2:0.

Избраниците на Диего Симеоне ги искористија своите шанси и носат добра предност во Мадрид за реваншот. Секако, тимот на Ханси Флик не треба да се отпишува, бидејќи ова може само дополнително да ги мотивира пред да пристигнат на стадионот „Метрополитано“.

Маркус Рашфорд и Пау Кубарси беа трагичари. Од самиот почеток, тој беше главната закана кон голот на Атлетико, но вечерва голманот Мусо блескаше. Аргетнинецот беше исклучително сигурен на голот, што им влеа дополнителна сигурност на неговите соиграчи.

Се започна во четвртата минута, кога гостите направија грешка, а Аргентинецот успеа да го одбрани ударот на Англичанецот со нога.

После тоа, на позајмениот играч од Манчестер Јунајтед му беше поништен голот поради офсајд. Атлетико потоа се ослободи од притисокот, успеа во намерата да го намали темпото на натпреварот.

„Јорганџиите“ ја чекаа и ја дочекаа својата шанса. Во финишот на првото полувреме, Џовани Симеоне му избега на Кубарси, тргна кон голот, а дефанзивецт на Барселона направи фаул.

Откако ја прегледа снимката, судијата Иштван Ковач му покажа директен црвен картон.

Од слободниот удар, од 23 метри, Хулијан Алварез постигна спектакуларен гол.

Барселона во второто полувреме излезе уште поофанзивно, а повторно Рашфорд беше во главна улога. Тој ја имаше најдобрата шанса по магичното додавање на Јамал, го заобиколи голманот на гостите, но ја погоди надворешната страна од мрежата.

Каталонците не можеа да играат со високо темпо цело време со еден играч помалку, што Атлетико вешто го чекаше. По 60-та минута, Диего Симеоне, на тереното ги внесе Серлот и Баена, а Норвежанецот уште еднаш покажа дека сака да игра против Барселона.

Гризман го исфрли Руџери по левата страна, левиот бек испрати идеален центаршут, Серлот лесно се ослободи од Мартин и го совлада Џоан Гарсија.

Барселона се обиде да го намали резултатот и да ја зголеми надежта за реваншот, но Мусо не дозволи да биде совладан.

Реваншот во Мадрид на приграмата е во вторник.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');