Top Sport

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер лигата.

Со оваа многу значајна победа, Лидс избега на шест бода од „црвената зона“ во борбата за опстанок.

Се играше петтата минута кога гостите поведоа со голот на Ноа Окафор, а истиот играч го дуплираше водството на својот тим во 29-та минута.

Лидс го задржа водството на полувремето, а проблемите на Јунајтед се зголемија на почетокот на вториот дел, кога Лисандро Мартинез, поради неспортски потег доби црвен картон.

Јунајтед се обиде да се врати во натпреварот, во 69-та минута, Касемиро постигна гол по асистенција од Бруно Фернандес.

Иако имаа играч помалку, „црвените ѓаволи“ нападнаа, но Лидс успеа да се одбрани и да го задржи водството до самиот крај.

Јунајтед е на третото место во Премиер лигата со 55 бода, додека Лидс е на 15-то место со 36.

Во следната рунда, Лидс ќе го пречека Вулверхемптон, а Јунајтед ќе гостува кај Челзи.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');