Foto/ EPA
Гави (19), чудо од дете и еден од клучените играч на Барселона и шпанската репрезентација, ја заврши сезоната поради тешка повреда на вкрстените лигаменти. Гави се повреди синоќа против Грузија, во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Гави со солзи во очите го напушти теренот во 26.минута. Тој доби удар во десното колено, продолжи да игра, но веќе во наредната акција мораше да го напушти теренот.
Сите шпански медиуми пишуваат дека првите лекарски наоди покажуваат дека ги скинал лигаментите на десното колено и што значи дека сезоната за него заврши и дека нема да му биде достапен на селекторот Де ла Фуенте и за европскиот шампионат.
Повредата на Гави е огромен удар за амбициите на Барса да ја одбрани титулата и да направи резултат во Лигата на шампионите.
Подеднакво се шокирани и хендикепирани од повредата на Гави и во шпанската репрезентација.
Take me instead plz pic.twitter.com/2AhM0EN4Qk
— H! (@304GAVI) November 19, 2023