Top Sport

(Видео) Голманот на Борац се повреди при обид да се пресмета со фудбалерите на Австрија

Фудбалерите на Борац од Бања Лука испаднаа од Конференциската лига по поразот од Австрија Виена со 2:1 на домашен терен.

Во финишот на натпреварот за малку ќе дојдеше до тепачка меѓу играчите на двата тима, а во таа прилика се повреди голманот на Борац, Никола Ќетковиќ.

Во судиското надополнување, чуварот на мрежата на Борац се стрча кон фудбалерите на Австрија, сакајќи да се пресмета со нив откако до вербална расправија меѓу фудбалерите.

Меѓутоа, во таа прилика незгодно застанал и го повредил зглобот.

Scroll to Top