Невиден скандал се случи, на натпреварот помеѓу Уеска и Сарагоса во рамките на 37-то коло од Ла Лига 2. Голманот на гостите Естебан Андрада, го нокаутира противничкиот играч Хорхе Пулидо.
Голманот на гостите, Естебан Абдрада, прво го турна противничкиот играч на средината од теренот, за што судијата му покажа жолт картон, а бидејќи веќе еднаш беше опоменат, следеше исклучување.
Разбеснет од ваквиот исход, Аргентинецот се стрча кон фудбалерот на Уеска, а потоа го удри во главата.
Потоа настана хаос на теренот. Имаше уште силни удари и ситуацијата излезе целосно од контрола. По ова, јасно е дека Андрада ќе добие жетока казна, а казнет ќе биде и неговиот колега од спортивната страна, Дани Хименез. То му зададе силен удар на Андрада, кога застана во одбрана на соиграчот.
Puñetazo de Esteban Andrada a Jorge Pulido tras ser expulsado en el Huesca – Real Zaragoza pic.twitter.com/vjNQcCfb0q
— Lorenzo Gelardo (@LorenzoGelardo_) April 26, 2026
Сарагоса го загуби овој натпревар со 1:0, и остана на претпоследната позиција на табелата, каде се наоѓа и Уеска.

