Синоќа Атлетико и Реал го одиграа дерби натпреварот од шестото коло од Примера на „Цивитас Метрополитано“. Домашниот тим победи со 3:1 и со тоа му го нанесе првиот сезонски пораз на „кралскиот клуб“.
Алваро Мората (4. и 46.) и Антоан Гризман погодија за Атлетико, а Тони Крос за Реал во 35. минута.
Во соблекувалната на Атлетико бурно беше прславена победата над градскиот ривал, а стрелецот на вториот гол Антоан Гризман даде изјава која стана хит.
„Деца, утре одете на училиште со дресови на Атлетико“, рече Французинот, алудирајќи на тоа дека тие се газдите во Мадрид.
Foto/ EPA