Top Sport

(Видео) Гризман ја реши Мајорка

Атлетико Мадрид ја победи Мајорка со 1:0, во последниот меч од саботната програма, во рамките на 14.коло во Примера.

На „Цивитас Метрополитано“, на Атлетико му беше потребен еден час игра за да го скрши отпорот на гостите. „Јорганџиите“ вршеа константно притисок кон голот на Рајковиќ, но ниту една шанса не успаја да реализираат. Мората промаши се што можепе да промаши, а резултатот 0:0 остана и по обидите на Кореа, Лино, Ермозо.

Отпорот на Мајорка го скрши Антоан Гризман со својот девтти гол во Примера, во 64.минута. Францускиот напаѓач постигна прекрасен гол со глава, по центаршутот на Ермозо.

Мајорка во текот на целиот меч имаше една чистат шанса, во 80.минута се посрамоти Ндиај. Во ситуација еден на еден со Јан Облак шутираше крај голот.

На крајот однос на ударите беше 185 за Атлетико.

Инаку, грзиман го постигна 300. гол во кариерата, 170. во дресот на Атлетико. Има три гола помалку од најдобриот стрелец во историјата на Атлетико, легендата на шпанскиот фудбал Луис Арагонес.

Со голот во 64.минута, Гризман му го разубави јубилејот на капитенот Коке, кој го одигра 600. натпревар за Атлетико.

Победата над Мајорка беше 18, во сите натпреварувања, за Атлетико на домашен терен.

Scroll to Top