Top Sport

(Видео) Гулер се спаси од црвен картон, па со голчиште ја најави убедливата победа на Реал

Реал Мадрид во деветтото коло ја победи Севилја со 4:1 и во Ел Класико, наредниот викенд ќе влезе со шест поени помалку од водечката Барселона.

Победата на Реал е убедлива, но сигурно ќе предизвика големи реакции во Шпанија. Ќе се анализира ситуацијата од 23-та минута, кога Арда Гулер, без топка со лакт во лицето го удри Пеке.

Настана мешаница, по која судијата Бускетс, им подели жолти картони на Хаусен и Феликс. Се чекаше реакција од ВАР собата, бидејќи главниот судија не ја виде целата ситуација, но таму не видоа ништо спорно.

Седум минути подоцна, Гулер со спектакуларен гол ја најави победата на Реал. Веднаш потоа погоди и Мбапе, по извонредна соло акција.

Во вториот дел Мбапе погоди од пенал, а во последните 10 минути откако Буено намали на 3:1, точка на натпреварот стави Диоманде.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');