Top Sport

(Видео) Гундоган-шоу за лесна победа на Манчестер сити на „Гудисон парк“

Илкај Гундоган, со капитенската лента, имаше речиси совршен меч за да ги предводи Манчестер сити до 3:0 победа на гостувањето кај Евертон, за тимот на Пеп Гвардиола да направи уште еден чекор до титулата во Премиерлигата. Резултатот во исто време не е совршен за Евертон, кои ќе се обидат во последните два меча за нив да избегнат испаѓање.

По неизвесните почетни минути на мечот, Гундоган во 37. минута од мечот го постигна еден од најневеројатните голови во историјата на Премиерелигата по асистенција на Ријад Марез, за само две минути подоцна да му асистира на Ерлинг Халанд за 0:2. Сите надежи за камбек на тимот на Шон Дајч беа уништени во 51. минута, кога Гундоган го постигна својот втор гол.

Сити, со три меча до крајот на сезоната за нив, остануваат први со 85 поени, четири пред Арсенал, кои исто така имаат четири меча, а во 17.30 часот играат со Брајтон. На Сити им е доволна една победа и едно реми во последните три кола за да освојат нов трофеј. Евертон се 17-ти со 32 поени, само еден пред Лидс на место кое води во Чемпионшип.

ПРЕМИЕРЛИГА, 36.КОЛО
Евертон – Манчестер сити 0:3
Брентфорд – Вест хем 2:0

Scroll to Top