Top Sport

(ВИДЕО) Гвардиола: Подај ја топката!…Де Брујне: Замолчи!

Манчестер Сити лесно го совлада Реал Мадрид на „Етихад“ со 4:0 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 5:1. Бернардо Силва ги постигна првите два гола за Сити, третиот беше автогол на Едер Милитао, а четвртиот погодок беше дело на Хулијан Алварез.

Иако за англискиот шампион сè помина без проблеми, во текот на играта имаше и жестоки дијалози меѓу Пеп Гвардиола и неговите фудбалери.

Се случи вистинска кавга меѓу Гвардиола и Кевин Де Брујне среде натпревар. Сега се појави и ново видео, кое ги открива зборовите што си ги кажаа.

„Подај ја топката!“, ѝ викна Гвардиола на својата ѕвезда која предолго ја влечеше и ја загуби.

Тоа воопшто не му се допадна на Де Брујне, па веднаш се сврте кон клупата и почна да вика: „Замолчи! Замолчи!“

 

Scroll to Top