Top Sport

(Видео) Халанд до младиот навивач на Јунајтед: Најди си друг дрес

Ерлинг Халанд им даде на навивачите на Манчестер сити уште една причина да го сакаат, откако при средба со еден млад норвешки фан, прво го покри грбот на Манчестер јунајтед, за потоа да му порача на детето на шега да си „најде друг дрес“.

Во деби сезоната во англискиот фудбал, Халанд постигна 52 гола, од кои 36 во Премиерлигата, а Манчестер сити стигна до тројната титула. Сега, на „служб“ со репрезентцијата, тој имаше средба со младите норвешки фанови, од кои еден, иако очигледно навивач на Јунајтед побара фотографија.

„Чекај, сега сликај повторно“, вели Халанд откако го покри грбот на Јунајтед, по што му порача на детето да си „најде нов дрес“.

Scroll to Top