Драматични завршници имаа три од четирите попладневни натпревар од деветтото коло во Премиер лигата. Победија Сити и Брентфорд, а бод во финишот на гостувањата освоија Вулверхемптон и Борнмут. Норвешкиот напаѓач го искористи центаршутот на Матеуш Нунес во петтата минута и го совлада Рамсдејл.
Ниту Беднарек не можеше да го запре Халанд, а позицијата од која голгетерот на „граѓаните“ упати удар беше многу тешка. Избраниците на Пеп Гвардиола беа доминантни во текот на целиот натпревар, упатија повеќе од 20 удари кон голот на гостите, но семафорот остана 1:0.
На табелата води Сити со 23 бода, два повеќе од Ливерпул, кој има натпревар помалку, додека Саутемптон е претпоследен со само еден бод.
Борнмут во Бирмингем ја шокира Астон Вила со гол за 1:1 во 96.минута.
Се чинеше дека херој на домашниот тим ќе биде Рос Баркли, кој погоди во 76. минута, но во шестата минута од судиското надополнување, Еванилсон погоди за голем бод за гостите.
Вила сигурно продолжува да ги следи гигантите, тие се третопласирани со 18 бодови, додека „црешите“ се деветти на табелата со 12 бодови.
Бод помалку има Брентфорд, кој во неверојатен натпревар го победи Ипсвич со 4:3 и покрај тоа што по 30 минути игра Брентфорд имае 0:2.
Гостите поведоа во 28. преку Смодикс, за само три минути подоцна Хирст да ја удвои предноста. До одморот Брентфорд возврати преку Виса во 44, а авто гол си постигна Кларк во првата минута од судиското надополнување.
Пресвртот за домашните го донесе Мбеумо од пенал во 51. минута, но гостите и покрај тоа што од 69.минута играа без исклучениот Кларк израмнија во 86. минута преку Делап.
И кога се чинеше дека ова ќе биде конечниот исход на мечот, Мбемо во шестата минута од судиското надополнување им ги донесе сите три бода на домашните.
Брајтон ремизираше со Вулверхемптон (2:2). И овој натпревар имаше нестварен финиш во кој Брајтон ја испушти предноста од два гола.
Велбек погоди во 45., Фергусон во 85. за Брајтон „волците“ во мечот ги врати Аит-Нури во 88. и Куња во третата минута од судиското надополнување и постави конечните 2:2.