Ерлинг Халанд го изрази своето разочарување и гнев откако Норвешка беше елиминирана од Англија на Светското првенство во драматично четвртфинале.
Норвешка беше поразена од Англија со 2:1 по продолженијата на стадионот во Мајами, а 25-годишниот напаѓач беше во центарот на контроверзиите.
Десет минути по почетокот на второто полувреме, голот на Торбјорн Лисекер Хегем беше поништен по прегледот на ВАР.
Судиите проценија дека Халанд го фаулирал својот иден соиграч Елиот Андерсон пред голот, уште пред топката да биде уфрлена во игра. По натпреварот, Халанд не ја криеше својата фрустрација.
„Искрено, се чувствувам малку празно. Мислам дека заслуживме повеќе. Според мене, не беше фаул. Голот беше поништен затоа што наводно го турнав Елиот Андерсон, а така ме туркаат во секој дуел. Ова остава горчлив вкус“, изјави Халанд за ТВ 2 и продолжи:
„Ако е фаул, тогаш треба да добијам слободен удар по речиси секој дуел, на секој натпревар. Тие постојано ме туркаат и ме влечат, и затоа мислам дека ова е лошо судење. На Светското првенство малите работи одлучуваат. Против Бразил успеавме да ги свртиме таквите ситуации во наша корист. Денес, кога одлуките беа 50-50 против нас, беше тешко“, додаде напаѓачот на Манчестер Сити.
Foto/ EPA
