Top Sport

(Видео) Халанд погоди, Сити го совлада Брентфорд

Ерлинг Халанд му днесе значајни три бода на Манчестер сити во борбата за шамшионската титула. Сити, вечерва, славеше над Брентфорд 1:0. Сити сега има бод помалку од лидерот Ливерпул.

Долго му требаше на Сити да го скриши отпорот на гостите од Лондон. Тоа се случи во 71. минута кога Халанд го постигна единствениот гол.

Во првото полувреме имаше шанси на двете страни, Фил Фоден во осмата, Бернардо Силва во 34. и Оскар Боб две минути подоцна не успеаја да го совладаат Марк Флекен.

На другата страна Франк Ониека во 16. и 43. минута можеше да ја затресе мрежата на „граѓаните“, но Едерсон во двата наврати беше на место.

На 13 рунди до крајот на сезоната Ливерпул има 57, Сити 56, а Арсенал 56 поени.

Scroll to Top