Фудбалерите на Манчестер сити, предводени од Ерлинг Халанд, триумфално минаа низ источен Лондон. Актуелните шампиони го совладаа Вест Хем со 3:1.
Апсолутен херој на мечот во главниот град беше Ерлинг Халанд, кој ги постигна сите три гола за тимот на Пеп Гвардиола.
Тој го најави хет-трикот во 10. минута кога Бернардо Силва на 30 метри украде една топка веднаш го проигра Норвежанецот кој го совлада Ареола.
Потоа Вест Хем израмни со несреќниот автогол на Рубен Диас, но Халанд брзо ги врати работите на свое место.
Потоа Сити целосно ја контролираше играта, а во 84.минута ја запечати победата.
Халанд и побегна од одбраната, прими навремено додавање од Матеуш Нуњез, па следеше рутински гол.