Флуминенсе и Бока Јуниорс ќе го играат финалето на Копа Либертадорес во сабота на „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Во пресрет на јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите, во бразилскиот град владее хаос. Според најавите, во Рио се очекуваат над 100.000 Аргентинци, а локалните медиуми јавија дека дошло до конфликт меѓу две навивачки групи на познатата плажа Копокабана, поради што интервенирала воената полиција.
На социјалните мрежи се споделуваат снимки од тепачки на плажата Копакабани каде е поставена фан зона.
Меѓу другото, поголема група локални навивачи наводно нападнала навивач на аргентинскиот великан на градските улици. Еден аргентински навивач бил уапсен откако фрлал шишиња кон луѓето, а друг удрил куче и се обидел да нападне човек.
За да ја смири ситуацијата, полицијата наводно морала да употреби „шок бомби“, гумени куршуми и солзавец.
Медиумите пишуваат дека полицијата им дозволила на навивачите на Флуминенсе да влезат на плажата за да ги нападнат Аргентинците.
Horrific scenes, CONMEBOL has to do something.
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) November 2, 2023
Видеата ги преплавија социјалните мрежи, а на некои од нив се гледа како полицијата користи пиштоли, како удира со голи раце навивачи на Бока кои носат шорцеви и маици со влечки.
Еден од навивачите на Флуминенсе не признал полицијата ги пуштила да „ловат“ навивачи на Бока, а на социјалните мрежи има масовни докази за тоа.
Bad scenes in Rio de Janeiro, Boca Juniors fans were having a fun time with their families at the beach in fre zone and then out of nowhere Fluminense fans ambushed and attacked them.
The Brazilian police are letting Fluminense fans do whatever they want pic.twitter.com/ooJMOn0K9u
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) November 2, 2023
Концертот на рок групата „Ред Хот Чили Пеперс“ на стадионот „Нилтон Сантос“ концертот на бразилскиот пејач Роберто Карлос во „Џокеј арена“, како и приемните испити за националниот универзитет, ќе создадат дополнителнителен метеж во Рио.
Кабинетот на градоначалникот на Рио де Жанеиро проценува дека овие настани ќе привлечат околу 400.000 посетители до недела, од кои некои веќе резервирале 82 отсто од хотелските капацитети во градот.
Тоа ќе биде 12. финале за Бока, а досега победија шест пати – 1977, 1978, 2000, 2001, 2003, 2007 година.
Бока има шанса да го израмни рекордот на Индепендиенте, кој има седум јужноамерикански клупски шампионски титули во фудбал.
Флуминенсе досега само еднаш има играно финале во Копа Либертадорес, во 2008 година загубија на пенали од ЛДУ од Кито.
Um grupo de torcedores do Fluminense acabou pegando um torcedor do Boca desgarrado do grupo deles, agora pelas ruas de Copacabana. pic.twitter.com/WdqyaygwzQ
— Diário das Torcidas (@DTorcidas) November 3, 2023