Фудбалерите на Ноа и Сигма Оломоуц се сретнаа во третото коло, во Конференциската лига.
Чешкиот тим во Ереван победи со 2:1, благодарение на головите на Филип Славичек и Абдулае Сила, додека Нардин Мулахусејновиќ постигна гол за Ерменците.
И покрај фактот дека во првото полувреме беа постигнати дури три гола, овој период од натпреварот го обележа тепачката меѓу навивачките групи на двата тима.
Инцидентите се случија и покрај оградата што ги делеше. Хулиганите се обидоа да ја срушат додека разменуваа удари.
Ситуацијата излезе од контрола, а во еден момент почнаа да летаат столчиња во сите правци, како и канти за ѓубре, па фудбалерите на двата тима мораа да реагираат.
Заедно, на крајот истрчаа кон трибината каде што се одвиваше хаосот и почнаа да ги молат навивачите да се смират и да ја намалат тензијата. Дуелот не беше прекинат, но на крајот ситуацијата се смири и играта продолжи.
Fight between fans! pic.twitter.com/kjgM358R4x
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 6, 2025
