Фудбалерите на Арсенал ja презедоа лидерската позицја во Премиерлигата, откако во малото градско дерби, го победија Брентфорд со 0:1.
Арсенал на челната позиција го лансираше често критикуваниот Каи Хаверц. Германецот во 88.минута го искористи додавањето на Букајо Сака.
Арсенал со овој минимален триумф го искористи ремито на Сити и Ливерпул (1:1). На врвот тмот на Артена има 30 поени, еден повеќе од Сити и два од Ливерпул.
„Тобџиите“ го забележа третиот триумф во последните четири натпревари, а во следното коло ќе го пречекаат Вулверхемптон.