Фудбалерите на Арсенал го победија Спортинг во Лисабон со 1:0 во првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите.
Стрелец на единствениот гол беше резервистот Каи Хаверц во втората минута од судиското продолжение на асистенција на Габриел Мартинели.
Да не беше голот на германскиот фудбалер, ова ќе беше еден од оние натпревари што бргу се забораваат.
Имаше, моменти што вреди да се споменат.
Гредата се тресеше двапати, по еднаш на двете страни. Првиот пат беше во 7-та минута, кога Максимилијано Араухо опасно се закани, а во 16-та, Нони Мадуеке речиси постигна гол директно од корнер.
Второто полувреме беше идентилно на првото, со многу тактичко надмудрување, претпазливо, борбено, без многу шанси, без вистинска конкретна креација од двете страни.
Арсенал играше многу дисциплинирано во одбраната на својот гол и исклучително трпеливо со напаѓачките акции.
Во 65-та минута, Арсенал постигна гол, кој оправдано беше поништен поради офсајд.
Спортинг имаше две солидни шанси, обете на десет минути пред крајот, преку Катамо и Суарез, но и во двете ситуации голманот на Раја одбрани.
Реваншот во Лондон се игра за осум дена.
