Натпреварот меѓу Ал Ахли и Ал Хазем ја отвори сезоната во шампионатот на Саудиска Арабија, која ќе биде најгледана во историјата, откако клубовите вложија милијарди долари во скапи играчи.
Еден од нив е Роберто Фирмино, кој блесна токму на отворањето на шампионатот и со хет-трик му донесе три бода на Ал Ахли. Целиот натпревар за Ал Ахли го одигра македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.
Во првите десет минути Бразилецот двапати се запиша на семафорот, а за вториот гол му асистираше Ријад Махрез, уште едно скапо засилување на „зелените“.
Едуард Менди беше на голот, а играа и Роџер Ибањез, Ријад Марез, Алиоски, Франк Кеси и Алан Сен Максиман беа на теренот, но Фирмино ги однесе сите ловорики.
Во 50. минута Вин ја намали негативата на Ал Хазем на 2:1, но сите сомнежи околу конечниот победник ги отстрани поранешниот напаѓач на Ливерпул во 72. минута.