Top Sport

(Видео) Хет-трик на Роналдо за 16 минути

Фудбалерите на Ал Наср го победија АЛ Колуд со 5:2 во натпреварот од 12-то коло на Саудиската про лига. Натпреварот го одбележа Кристијано Роналдо.

Португалскиот ас постигна хет-трик во второто полувреме, за само 16 минути.

Откако беше 2:2 во првото полувреме, со головите на Анџело и Мане за домашните, и Домингез и Есомба за гостите, на сцена стапи Роналдо.

Го постигна првиот гол во 66-та минута по асистенција од Жоао Феликс, а потоа сонародниците беа во кација и во 72-та минута кога Роналдо со глава постигна гол за 4:2.

Во 81-та минута го комплетираше својот хет-трик и стигна до 985-от гол во кариерата.

Значи, му недостасуваат само 15 гола за да дојде до магичната бројка од 1.000 гола во кариерата. .

Тој многу лесно би можел да ја исполни таа цел веќе оваа сезона, особено ако продолжи да игра во ваква форма.

Конечниот исход на овој натпревар го постави Домингез од пенал во 94-та минута.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');