Фудбалерите на Милан ја декласираа Самдорија со 5:1 во 36.коло во Серија А. Хет-трик против тимот кој испадна во Серија Б постигна Оливие Жиру.
Милан немаше проблеми со Сампдорија и барм малку се рехабилитираше по двата порази од Интер во Лигата на шампионите и поразот од Специја во Серија А.
Серија голови ја отвори Лафа Леао во деветтата минута. Ветеранот Кваљарела израмни во 20.минута, а само три минути подоцна Жиру го постигна својот прв гол. До крајот на полувремето францускиот ветеран уште еднаш се запиша во листата на стрелците.
Во вториот дел гол постигна Брахим Дијаз, а серијата ја заврши Жиру.
На две кола до крајот на сеозната, Милан се наоѓа на петтото место, со бод помалку и натпревар повеќе од Лацио.