Top Sport

(Видео) Холандија и Романија обезбедија пласман на ЕП, Франција против Гибралтар броеше до 14

Foto/ EPA

Холандија и Романија, вечерва обезбедија пласман на Европското првенство во Германија. вечерта ја обележа неверојатната победа на Франција над аутсајдерот Гибралтар со 14:0. Мабапе забележа хет-трик и го постигна 300. гол во кариерата.

Франција во седмиот натпревар, во Б групата, ја забележа седмата победа. По седум гола „Галските петли“ постигнаа во првото и второто полувреме.

Заир-Емери, момче родено во 2006 година стана најмладиот дебитант и стрелц во историјата на Франција. За жал кога го постигна голот врз него грубо стартуваше Сантош кој доби црвен картон.

Килијан Мбапе постигна три гола и дојде до бројката од 300. гола во кариерата.

Франција до крајот на квалификациите има натпревар против Грција, додека Гибралтар ќе ја пречека Холандија.

Покрај Франција од Б групата место на ЕП си обезбеди и Холандија со минималната победа над Република Ирска. Единствениот гол на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам го постигна Вут Вегхорст во 12. минута од натпреварот.

Два натпревари се одиграа и во И групата. Романија со победата над Израел 2:1, на „Панчо арена“ во Унгарија се пласира на ЕП за прв пат по 2016 година.

Стрелци во победата на Романија од 2:1 беа Пушкаш и Јанис Хаџи, а единствениот гол за Израел го постигна Ерон Захави.

На „Сент Јакобс Парк“ во Базел, Швајцарија и Косово одиграа нерешено 1:1.

Швајцарија поведе преку Рубен Варгас, а конечните 1:1 ги постави Хисени во 82.минута.

Scroll to Top