Top Sport

(Видео) Хулиган влета на теренот и го нападна Роналдо

Босна и Херцеговина е на пат да доживее тежо пораз од Португалија во квалификациите за пласман на Европското првенство.

По првиот дел Португалија има предност од 5:0. Два гола постигна Роналдо, а по еден Бруно Фернадеш, Кансело и Жоао Феликс.

Во финишот на првиот дел дојде до инцидент со Роналдо. Еден навивач влезе на теренот и го нападна Португалецот.

Обезбедувањето брзо реагираше и го извади хулиганот од теренот, а Роналдо малку куцаше по нападот од навивачот. Нејасно е дали само го турнал Роналдо или го удрил. Во секој случај, Роналдо без проблеми го продолжи натпреварот.

Scroll to Top