Златан Ибрахимовиќ го даде своето прво големо интервју откако реши да се пензионира по завршувањето на минатата сезона. Легендарниот Швеѓанец зборуваше за постигнувањата во кариерата во емисијата на Пирс Морган.
Целото интервју ќе биде објавено во наредните денови, а засега на „Твитер“ се достапни само некои детали од разговорот на шведскиот фудбалер и познатиот водител.
Публиката прво ја воодушеви одговорот на Ибрахимовиќ на прашањето дали е од оние фудбалери кои велат дека постигнувањето голови е подобро од сексот. Швеѓанецот одговори во свој стил. „Сексот е подобар. Секој што мисли поинаку има проблем во креветот“, рекол Ибрахимовиќ.
Вториот вирален момент од досега објавените делови од интервјуто е првата средба на Ибрахимовиќ со Пеп Гвардиола кога стана играч Барселона. Ибрахимовиќ во својата автобиографија се нарекува себеси Ферари, кое Гвардиола „го возел како Фиат“. Откако Морган му го посочи тоа, Ибрахимовиќ раскажа анегдота.
„Гвардиола ме предупреди на нашата прва средба: „Запомни, играчите не доаѓаат овде во Ферари. Знаете што направив? Го паркирав моето е..но Ферари“, раскажува Ибрахимовиќ.
Coming up this Thursday, don't miss Piers Morgan's VERY uncensored interview with Swedish football legend Zlatan Ibrahimovic…@Ibra_official | @piersmorgan | @TalkTV | #PMU pic.twitter.com/YIyIt2cQ2N
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) October 2, 2023