Top Sport

(ВИДЕО) Интер делува моќно, ја растури Фиорентина

Интер на убедлив начин стигна до третиот триумф во Серија А совладувајќи ја Фиорентина во Милано со 4:0. Тимот на Симоне Инзаги има максимални девет бода, осум дадени и ниту еден примен гол. Тоа е одличен старт на сезоната.

Маркус Турам го отвори резултатот во 23.минута, а потоа му асистираше на Лаутаро Мартинез за 2:0 во 53.минута. Хакан Чалханоглу од пенал постигна трет гол во 58.минута, а серијата ја затвори повторно Лаутаро Мартинез во 73.минута.

Торино ја победи Џенова со 1:0, со голот на Немања Радоњиќ во судиското продолжение од дуелот.

Scroll to Top