Интер забележа важна победа над Сасуоло, 2:1, со што ја прекина серијата од два последователни порази во Серија А.
Домашниот тим поведе во 14-та минута преку Федерик Димарко по убава акција на Барела и Сучиќ.
Иако „нероазурите“ доминираа, гостите беа опасни во контранападите, па дури во 81-та минута Карлос Аугусто, со многу среќа и со помош на едно одбивање, ја дуплираше предноста.
Сасуоло не се предаде, Чедира на крајот го намали резултатот на 2:1 и донесе неизвесност, но Интер успеа да се одбрани.
Фото/ Принтскрин