Top Sport

(Видео) Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ

Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А.

Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас. Двата тима ја завршија групната фаза со по пет бода, а бразилскиот тим ќе оди во нокаут фазата од првото место на табелата поради подобрата гол-разлика.

Тадео Аљенде му донесе водство на Интер 16-та минута, а поранешниот напаѓач на Барселона, Луис Суарез, го зголеми водството со гол во 65-та минута.

Водството на Интер го намали Паулињо со гол во 80-та минута, а Палмеирас израмни со голот на Маурисио во 87-ма минута.

Интер од Мајами ќе игра против Пари Сен Жермен во осминафиналето во Атланта, а Палмеирас против Ботафого во Филаделфија.

Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд.

Во вториот натпревар од третото коло од Групата А, Порто одигра нерешено 4:4 против египетскиот Ал Ахли во Ист Радерфорд. Тимот од Египет четири пати имаше предност, а Порто четири пати успеа да изедначи.

На крајот Порто го освои третото, а Ал-Ахли четвртото место во оваа група.

Scroll to Top