Top Sport

(ВИДЕО) Интер лесно го освои Калјари

Интер ја оствари втората победа во Серија А оваа сезона откако го победи Калјари на гости со 0:2. „Нероаѕурите“ имаат максимален ефект по две кола и сѐ уште немаат примено гол.

Дензел Думфрис во 21.минута донесе водство за Интер, а капитенот Лаутаро Мартинез зголеми на 0:2 по половина час игра.

Калјари немаше сили да се врати во мечот.

Scroll to Top