Top Sport

(Видео) Интер не може без Меси – Монтереј победи на Флорида

Монтереј се наоѓа на чекор до пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ зоната. Мексиканскиот клуб победи во Мајами со 2:1.

Интер Мајами, без Лионел Меси кој го пропушти и четвртиот меч поради повреда на тетивата, не можеше да им се спротивстави на Монтереј.

Избраниците на Херардо Мартино беа поразени на домашен терен во првиот натпревар од четвртфиналето.

Мексиканците беа апсолутно доминантни во текот на целиот натпревар на Флорида, а не им пречеше ниту тоа што имаа минус од еден гол на полувремето, откако Томас Авилес во 19. минута погоди за Интер.

Херој на гостинскиот тим беше Макси Меса, кој го постигна израмнувачкиот гол во 69. минута, а потоа асистираше за голот на Хорхе Родригез за пресврт на неговиот тим во 89. минута.

Scroll to Top