Иако веќе не се дел од „нераѕурите“, Ашраф Хакими и Иван Перишиќ вчера беа на трибините на „Сан Сиро“ за да ја проследат победата на Интер од 1:0 над градскиот ривал Милан и пласманот во финалето на Лигата на шампионите.
Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Хакими беше во ВИП-ложата на стадионот бурно навивајќи за својот клуб, а по крајот на мечот, тој славеше со пријателите. Перишиќ, кој сега игра во Тотенхем, исто така беше во ВИП-ложата поздравувајќи се со Хакими.
По потпросечната форма во март и април, тимот на Симоне Инзаги е во додлична форма со пет победи во низа во Серија А и пласман во финалето на Копа Италија.
⚫️🔵 Chi ama non dimentica: anche #Hakimi e #Perisic esultano per l'#Inter. Li rivorreste in nerazzurro ❓ pic.twitter.com/Fi9qIb9Xw7
— calciomercato.it (@calciomercatoit) May 17, 2023