Top Sport


(Видео) Интер се сопна на „Енио Тардини“, Парма ја врати незивесноста во шампионската трка

Парма ремизираше 2:2 (0:2) со Интер на домашен терен. Интер и понатаму е на врвот на табелата, но доколку Наполи во понеделник победи во Болоња, ќе му се доближи на само еден бод.

Во првото полувреме се чинеше дека „нероѕурите“ имаат се под контрола. На одмор заминаа со комотни 2:0 по головите на Матео Дармијан во 15. минута и Маркус Тирам во 45. минута.

Веројатно клучната одлука на натпреварот ја донесе Кристијан Киву, тренер на Парма и поранешен играч на Интер. Романецот направи тројна измена на полувремето, а девет минути подоцна внесе уште еден нов играч. Токму двајца од тие четворица резервни играчи беа стрелци на головите со кои Парма дојде до бод.

Адријан Бернабе погоди во 60. минута по додавањето на Дел Прат, а Швеѓанецот Јакоб Ондрејка во 69. минута на асистенција на Пелегрино ги постигна конечните 2:2.

Scroll to Top