Фудбалерите на Реал Мадрид ја започнаа новата сезона од Лигата на шампионите со победа, славеа над победа над Интер со 2:1 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Стрелци за домаќините беа Килијан Мбапе во 14-тата минута и Федерико Валверде во 23-тата минута, додека Карлос Аугусто ја врати неизвесноста кон крајот со гол во 77-мата минута.
Интер го отвори натпреварот подобро и успеа да наметне ритам во почетниот дел, но не го искористи периодот на добра игра. Не му требаше многу на Реал за да ја казни првата сериозна грешка на гостите.
Се играше 14-тата минута кога Мбапе го искористи подарокот на одбраната на италијанскиот тим и му даде предност на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач уште еднаш покажа колку малку простор му е потребен за да го загрози својот ривал и ја отвори европската сезона на вистински начин.
Само девет минути подоцна беше 2:0. Голманот на Интер, Хозеп Мартинез, се обиде да реши опасна ситуација со дриблинг по вратената топка од Бенџамин Павар, но Валверде му ја одзеде топката и ја смести во небранета мрежа.
Ова беше шок за гостите кои во поголемиот дел од првите 20 минути изгледаа како рамноправен и поопасен ривал. Реал, сепак, брутално ги казни грешките и многу брзо стекна голема предност.
Интер не се предаде. Италијанскиот тим продолжи да напаѓа, а Куртис Џонс имаше одлична можност, неговиот удар од шеснаесетникот заврши покрај голот. Хакан Чалханоглу се обиде со слободен удар, но Тибо Куртоа беше сигурен.
На крајот од првото полувреме, Реал можеше да го реши натпреварот. По лошата топка на Чалханоглу, Мбапе шутираше, Мартинез одбрани, а потоа го сопре обидот на Џуд Белингам од непосредна близина.
Домашните заминаа на полувреме со предност од два гола, иако резултатот не го одразуваше целосно балансот на силите на теренот.
Интер продолжи да се обидува да најде пат до мрежата, но Куртоа долго време беше непремостлива пречка. Белгиецот ги спречи обидите на Лаутаро Мартинез и Џонс во еден напад, иако акцијата подоцна беше запрена поради офсајд.
Реал Мадрид потоа имаше неколку можности да постигне трет гол. Ударот на Винисиус го запре Јан Бишек, тој спречи сигурен гол со одличен лизгање. Во уште една брза акција, Винисиус, Мбапе и Брахим Дијаз се обидоа да изградат идеална позиција, но ја искомплицираа ситуацијата и пропуштија одлична шанса.
Казната дојде во 77-та минута. Бишек го пронајде Лаутаро Мартинез, капитенот на Интер ја врати топката срцето на шеснаесетникот, а Карлос Аугусто со прецизен удар го совлада Курота.
Голот на бразилскиот фудбалер донесе сосема нова енергија кај гостите и донесе неизвесност до крајот. Интер се стремеше кон израмнување, но Реал ја задржа предноста и ги освои првите три бода во лигашката фаза од елитното европско натпреварување.
Foto/ EPA
