Top Sport

(Видео) Интер со пресврт ја победи Рома на „Олимпико“

Фудбалерите на Интер ја победија Рома со 4:2 (1:2) по пресврт во 24. коло од италијанската Серија А.

Интер со победата на „Олимпико“ направи голем чекор кон освојувањето на скудетото. Рома го пртрпе првиот пораз под водство на Даниеле Де Роси.

Гостите од Милано веќе поведоа во 17. минута со голот на поранешниот играч на Лацио Франческо Ачерби.

Во 28. минута Рома стигна до израмнување, кога Манчини ја смести топката во мрежата, а до крајот на првото полувреме домашните успеаја да направет пресврт. Во 44. минута стрелец беше Ел Шарави.

Само пет минути во вториот дел Тирам израмни на 2:2, а во 56. минута Анхелињо си постигна автогол за нова предност на екипата од Милано.

Конечниот резултат го постави Бастони во третата минута од судиското надополнување.

Интер сега има 60 бодови, седум повеќе од Јувентус и 11 од Милан.

Scroll to Top