Фудбалерите на Интер доживеаја пораз во Норвешка од Боде/Глимт, Атлетико на „мускули“ извлече реми (3:3) во Бриж, иако водеше со 2:0 и 3:2, а Баер Леверкузен победи во Пиреја кај Олимпијакос (2:0), во трите последни бража натпревари од првиот круг, за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Боде/Глимт не се шегува, откако во последното коло во првата фаза го победи Атлетио во Мадрид и се пласира во баражот, вечерва славеше во дуелот со Интер.
Играчите на Интер не се снајдоа во норвежките услови и на вештачката трева. Изненадувањето го најави Фет во 20-та минута. Интер во мечот го врати Пио Еспозито 10 минути подцна.
Во вториот дел блиц-криг на Норвежаните, два гола за три минути, во периодот од 61-та до 64-та минута. Стрелци беа Хег и Хауге.
Во Бриж, Атлетико делуваше неубедливо, но и покрај тоа имаше два гола предност на полувремето. Алварез погоди од пенал во осмата минута, а Лукман во четвртата минута од судиското надополнување на времето.
Бриж во мечот се врати експресно, преку Оњедика во 52-та и Тресолди во 60-та минута. Атлетико предноста ја врати со авѕо-голот на Ордонез во 79-та минута. Сепак пораз на Бриж спречи Цолис во 90-та минута.
Во Пиреја, Баер Леверкузен го направи клучниот чекор кон осминафиналето. На Олимпијакос му пресуди Чехот, Патрик Шик со головите во 60-та и 63-та минута.
Реванш натпреварите ќе се одиграат наредниот вторник.
Foto/ EPA
