Top Sport

(Видео) Иранските фудбалери се соочуваат со смртна казна

Иранските фудбалерки беа прогласени на државната телевизија за воени предавници со кои треба строго да се постапи поради нивниот гест на Азискиот куп во Австралија.

Имено, одбивањето на иранските жени да ја пеат националната химна пред натпреварот против Јужна Кореја предизвика остри осуди, а водителот на иранската државна телевизија рече дека тие мора да се соочат со срам и предавство.

Радикалниот портпарол на режимот, Мохамад Реза Шахбази, рече дека властите мора да ги прогласат за предавници, што во Иран носи смртна казна.

Во понеделникот, иранските фудбалерки и нивниот тренер, Марзија Џафари, молчеа додека се пееше националната химна, што се смета за тивок протест против исламскиот режим.

Гестот дојде само два дена по атентатот врз врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи во американско-израелски напад.

Поради заканите од нивната земја, повиците до Австралија да им даде азил се сè погласни.

Во првите две кола од Азискиот куп, иранските фудбалерки доживеаа убедливи порази против Јужна Кореја (3:0) и домаќинките (4:0).

Тие играат против Филипините во последното коло од групната фаза во недела.

Победа би ги ставила во игра за плејофот, бидејќи најдобрите два третопласирани екипи ќе продолжат во нокаут фазата.

Foto/ EPA/DAVE HUNT

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');