Top Sport

(Видео) Историски дебакл на Манчестер Јунајтед, Комо им одржа час по фудбал на „црвените ѓаволи“

Фудбалерите на Комо, дебитанти во Лигата на шампионите, го декласираа славниот Манчестер Јунајтед со 4:1, во третото коло.

Четата на Сеск Фабрегас, на брегот на најпознатото езеро во Италија, му одржа час по фудбал на Манчестер Јунајтед.

Ваков пораз, во Лигата на шампионите, каков што доживеа во Комо, Јунајтед не доживеал уште од 1994 година.

Дека на „црвените ѓаволи“ не им се пишува добро, најави наследникот на Лионел Меси во дресот на Аргентина, Нико Паз, кога со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот погоди во втората минута.

Издржа безидејниот тим на Мајкл Керик во првиот дел со само еден гол во мрежата на Семе Ламенс, но потоп доживеа во вториот.

Гркот Дувикас погоди за 2:0 во 49-та, а шест минути подоцна Паз со својот втор гол му донесе огромна предност на Комо. Точка на победата на Комо стави Рамон со голот во 76-та минута.

Честа на Јунајтед, доколку воопшто може да се зборува за такво нешто, ја спаси Зиркзе со погодокот во 91-та минута.

Тешки денови се пред Јунајтед, се чини дека веќе не е прашање на денови туку на часови кога Керик ќе добие отказ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');