Top Sport

(Видео) Историски успех на Викинг, Слован ја доби драмата во Целје, Фенер по 18, а АЕК по осум години се вратија во ЛШ

Норвешка живее фудбалска револуција, откако репрезентацијата дојде до четвртфиналето на СП, сега оваа земја ќе има два тима во главната фаза во Лигата на шампионите. По Боде/Глимт, место во главната фаза избори и Викинг. За екипата од Ставангер ова е најголемиот упспех во клупската историја. Покрај Викинг, пласман во ЛШ, вечерва изборија Фенербахче и АЕК од Атина.

Викинг во плејофот го елиминира Динамо Загреб со вкупен резултат 5:3. Откако првиот меч во Загреб заврши 2:2, во реваншот Викинг победи со 3:1. На Динамо му пресуди лошиот старт на второто полувреме, кога домаќинот постигна два гола.

Играчите од Хрватска поведоа во 10-та минута со голот на Арбер Хоџа, но Норвежаните направија пресврт со головите на Златко Трипиќ од пенал во 18-та, Едвин Аустбо во 48-та и Тобијас Мои во 50-та минута.

Фенербахче успеа да се квалификува за Лигата на шампионите, на која чекаше 18 години, по одличен двомеч со Лион.

Турскиот тим славеше на жешкото гостување во Франција со 2:1 и со вкупен резултат од 3:2 обезбеди пласман во елитното клупско натпреварување.

Победата играчите на Фенер ја обезбедија со головите на Муричи во 24-та и Браун во 28-та минута. Лион намали во 61-та со голот на Фифана, но домашните играчи немаа сила да направат пресврт.

По осум години во Лш се врати и АЕК од Атина. Грчкиот тим во реваншот на домашен терен рутински го победи бугарскиот првак, Левски од Софија со 4:0.
Најмногу драма имаше во Целје, каде првакот на Словенија загуби по продолженијата од Слован Братислава.

Во Словачка беше 1:1, а истиот резултат на семафорот во Целје стоеше по 90 минути игра. Шпорар во 18-та погоди за Слован, а изедначи Сешлар во 34-та минута. Победата на Слован и место во главната фаза во ЛШ му ја обезбеди Мартинез во 100-та минута.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');