Јувентус го комплетираше дебаклот на италијанските тимови во плејофот за пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страта дама“ по продолженијата доживеа елиминација од ПСВ во Ајндховен. Првиот меч заврши со победа на Јувентус од 2:1, а во реваншпт ПСВ победи со 3:1. Голот за пласман во осминафиналето го постигна Фламенго во 98.минута. Претходно Милан беше елиминиран од Феенорд, а Аталанта од Клуб Бриж.
ПСВ поведе во 53. минута со голот на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ, израмни Тимоти Веа во 63., а во 74. минута Исмаел Саибари го постигна голот за продолженијата. Имаше ПСВ две шанси преку Ноа Ланг да го реши мечот во регуларниот дел, но Белгиецот не успеа да погоди.
Херој на ПСВ е Фламенго кој најдобро се снајде пред голот на Ди Грегорио во осмата минта од првото продолжение. Најдобрата шанса во дополнителниот период ја имаше Влаховиќ кој ја погоди стативата.
Холанѓаните во осминафиналето ќе играат против Арсенал или Интер.