Top Sport

(Видео) Италијанците и Шпанците со клучни победи, Австрија ја растури Шведска

Италија и Шпанија, европските фудбалски гиганти, се вратија на победите во квалификациите за Еуро 2024 година, додека Австрија со импресивната 3:1 победа на гости кај Шведска направи голем чекор кон пласман на шампионатот.

Италија по ремито со Македонија, мораше да оди на победа на „Сан Сиро“ против незгодните Украинци, и имаа одличен почеток, откако Давиде Фратези постигна два брзи гола во 12. и 29. минута, но гостите се заканија преку Јармоленко во финишот на полувремето да намалат на 2:1. Овој резултат остана конечен за прва победа на Лучано Спалети на клупата на „аѕурите“.

Шпанија, пак, со 6:0 го декласираше Кипар за да ја врати формата во групата А по шокантниот пораз од Шкотска. Гави (18.) и Мерино (33.) донесоа сигурно водство во првото полувреме по што во второто голови постигнаа и Хоселу (70.), Феран Торес (73. и 83.) и Алекс Баена (77.) за убедлива победа.

Марко Арнаутовиќ постигна два гола, а Михаел Грегорич додаде уште еден за Австрија да стигне до импресивна 3:1 победа на гости во Шведска, додека Норвешка со головите на Ерлинг Халанд и Мартин Одегард ја победи Грузија со 2:1 за да остане во игра за пласман на ЕП.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Норвешка – Грузија 2:1
Шпанија – Кипар 6:0

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Ц
Италија – Украина 2:1
Малта – Македонија 0:2

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Ф
Белгија – Естонија 5:0
Шведска – Австрија 1:3

Standings provided by Sofascore

ГРУПА И
Израел – Белорусија 1:0
Романија – Косово
Швајцарија – Андора 3:0

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top