Фудбалерите на Селта ја победија Валенсија на „Балаидос“ со 3:1, во првиот натпревар од второто коло во Примера. Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви.
Селта во новата сезона влезе со две победи, ваков старт клубот од Виго немал девет сезони. За разлика од Селта, Валенсија во сезоната влезе со два порази.
Легендата на Селта, Јаго Аспас беше стрелец на еден од трите гола за домаќините, забележа и асистенција и успеа да промаши пенал, поточно неговиот удар го одбрани Георги Мамардашвили, но одличниот Грузиец во голот на „лилјаците“ не можеше да го спречи поразот.
Гостите поведоа со голот на Диего Лопез во 14. минута, но Селта до полувремето направи пресврт. Оскар Мингеза израмни во 23. минута на асистенција на Аспас, само пет минути подоцна 37-годишниот капитен на Селта го постигна 206-от гол за клубот во 495-от настап во светлосиниот дрес. на својот живот.
Потоа Аспас, во судиското надополнување не успеа да реализира пенал, а точка на натпреварот во 60.минута стави Фран Белтран.