Top Sport

(ВИДЕО) Јаховиќ со нови два гола за Гезтепе

Адис Јаховиќ уште еднаш покажа дека е во најдобра форма во кариерата, откако постигна два гола за Гезтепе при гостинската 1:3 победа над Анталија.

Со овие два гола репрезентативецот стигна до 10 гола во турскиот шампионат, за да е најдобар стрелец. Јаховиќ минатата недела јавно го повика македонскиот селектор Игор Ангеловски да го повика во репрезентативниот состав поради неговата одлична форма.

Јаховиќ прво ја затресе мрежата на домаќините во 8. минута, за само 11 минути подоцна да донесе водство од 2:0.

Scroll to Top