Фудбалската репрезентација на Јордан прв пат во својата историја ќе се бори за титулата шампион на Азија.
Во полуфиналето на Азискиот куп Јордан ја победи Јужна Кореа со 2:0.
Натпреварот во градот Ал Рајан во Катар го решија Јазан Ал Наимат во 53 и Муса Ал Тамари во 66 минута.
На почетокот на турнирот никој не можеше да го претпостави дека 87-та селекција на ранг-листата на ФИФА ќе дојде до финалето. Со она што го покажаа во досегашниот тек од турнирот, Јорданците апсолутно заслужија да се борат за трофејот.
Противник во финалето на Јордан ќе му биде победникот од второто полуфинале во кое ќе играат домаќинот Катар и Иран.