Top Sport

(Видео) Јунајтед изненади, го купува Дисаси

Манчестер јунајтед се пред комплетирање на трансферот на дефанзивецот на Монако, Аксел Дисаси, тврди „Л’Екип“, додавајќи дека на „ѓаволите“ не им претставува проблем сумата од 40 милиони евра кои ги бара францускиот клуб.

Ова дефинитивно би значело крај на капитенот Хери Мегваер во тимот, откако се верува дека на „Олд Трафорд“ ќе пристигне и Кореецот Ким Мин-Џае од Наполи, така што Ерик Тен Хаг ќе има далеку повеќе опции во одбраната. Дисаси има 25 години и три настапи за француската репрезентација.

Неизвесноста околу преодниот рок на Манчестер јунајтед трае поради неизвесноста за дали клубот ќе добие нов газда и по вестите дека катарската понуда е „финална“ и дека сакаат брз одговор. Мејсон Маунт и Деклан Рајс изгледаат како опции во средината на теренот, а исто така се верува дека Тен Хаг бара и напаѓач, како и решение за голманската позиција.

Scroll to Top