Top Sport

(Видео) Јунајтед ја продолжи лошата серија во Премиер лигата – Челси однесе бод од „Олд Трафорд“

Дербито меѓу Манчестер јунајтед и Челси, во 10.коло заврши без победник 1.1 (0:0). Во Премиер лигата како менаџер, Руд ван Нистелрој, прв пат го водеше Јунајтед. По репрезентативната пауза тимот ќе го води новиот тренер Рубен Аморим.

Ова е петти натпревар во претходните шест кола од Премиер лигата во кој Јунајтед нема победа и сега се наоѓа на 13. место на табелата. „Сините“ се изедначени на четвртото место со Арсенал со 18 бодови. Интересно, Манчестер 12 натпревари по ред нема пораз од Челзи кога бил домаќин во Премиер лигата.

Бруно Фернандеш му донесе водство на Јунајтед во 70. минута, кога со сигурен удар реализираше пенал. Тој шутираше неодбранливо во долниот лев агол од голот на Роберто Санчез. Претходно, Санчез беше тој што го собори Расмус Хајлунд.

Сепак, Челзи израмни во 74. минута. По еден корнер, Касемиро ја изби топката, која слета директно на ногата на Мојсес Каисед,о кој со исклучително прецизен удар ја смести топката зад грбот на Онана.

Scroll to Top