Фудбалерите на Манчестер jунајтед го победија Вулверхемптон со 4:3 (2:0) во 22.коло од англиската Премиер лига.
„Црвените ѓаволи“ имаа предност од 3:1 до 75. минута, домашните постигнаа два гола и израмнија во 95.минута со голот на Педро Нето, но на крајот Јунајтед успеа да обезбеди победа во седмата минута од судиското надополнување, кога голот за победа го постигна младиот Коби Меино.
Јунајтед е седми со 35 бодови, а Вулверхемптон е на 11. место со шест бодови помалку.
Во следното коло Јунајтед го пречекува Вест Хем, додека Вулверхемптон му гостува на Челзи.