Top Sport

(Видео) Јувентус чекор поблиску до финалето на Купот

Фудбалерите на Јувентус на домашен терен го победија Лацио во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија со резултат 2:0 (0:0).

Головите достојни за триумф ги постигнаа Федерико Киеза во 50. минута и српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во 64. минута.

Реваншот во Рим на програмата е на 23.април.

Вечерва првиот полуфинален натпревар ќе го одиграат Фиорентина и Аталанта.

Scroll to Top