Top Sport

(Видео) Карабаг ја победи Шкендија, ВАР пенал им пресуди на македонските шампиони

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI

Фудбалерите на Шкендија, прв пат се порзени сезонава во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје, Шкендија загуби од Карабаг 0:1.

Клучниот момент се случи во 16.минута, кога по несмасниот старт на Вебстер врз Андраде, ВАР ја смени одлуката на главниот судија и гостите од Азербејџан добија пенал.

Најстрогата казна ја реализира Бајрамов.

Во првиот дел Карабаг имаше уште две добри шанси, а по голот на Карабаг два пати се закани капитенот на Шкендија, Ибраими.

Во второто полувреме во главните улоги беа голманите Геје и Кохалски, кои не дозволија публиката да види барем уште еден гол. Најдобрите шанси ги имаа Ибраими во 87.минута, од чиста позиција лошо биеше и Кохалски лесно го одбрани неговиот удар, а две минути подоцна Геје брилијантно го одбрани ударот на Зубир.

Реваншот на програмата е за седум дена во Баку. Победникот во плеј-офот ќе игра против Лудогорец или Ференцварош.

Scroll to Top